Екс-канцеларот на Австрија Курц отвора стартап за сајбер безбедност во Израел тежок 3 милијарди долари

Некогаш работеше од Австриската канцеларија на плоштадот Балхаусплац во Виена, импозантна владина зграда која потсетува на барокна палата. Денес, Себастијан Курц ги пречекува посетителите во модерна стаклена деловна кула во Тел Авив, која совршено се вклопува во современиот изглед на израелскиот технолошки центар.
Разликата меѓу двете работни средини е огромна, но едно останува непроменето – неговата амбиција и способноста брзо да напредува во секоја област во која се ангажира.
Курц влезе во политичката историја на Австрија кога на само 27 години стана министер за надворешни работи. Четири години подоцна, на 31-годишна возраст, ја презеде функцијата канцелар, станувајќи најмладиот шеф на влада во историјата на земјата.
Денес, на 39 години, по напуштањето на активната политика, Курц гради нова кариера во бизнис-секторот и се наметнува како еден од најпознатите стартап основачи поврзани со Европа и Израел.
Неговата компанија Dream изминатава недела објави нова рунда на финансирање во износ од 260 милиони долари, со што нејзината проценета вредност достигна 3 милијарди долари. Финансирањето претставува значајна пресвртница за стартапот, кој беше основан пред три и пол години. Рундата ја предводеа Bicycle Capital и Group 11, со учество на Bain Capital, Tru Arrow Partners, заедно со инвеститорот Џејмс Ротшилд, норвешката Antler и неколку други глобални инвеститори, јави Бизнис инсајдер.
Извор: mk.tv21.tv






