Екс мисицата Јулија Ѓорѓиевска заработи кривична – со тврд предмет нападна вработени во АХВ

Кривична пријава заработи поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска (28) откако се обиде во мај годинава да ја попречи акцијата за заловување и заплена на добиток што ја спроведувале надлежните служби кај Крива Паланка.

Како што информираат од полицијата, „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

„На 20.05.2026 на место викано „Калин Камен“ во с. Кркља, кривопаланечко, пријавената упатила закани кон вработени во Агенција за храна и ветеринарство, а потоа со тврд предмет се обидела да ги спречи при извршување службени дејствија“ стои во полицискиот билтен.

 

На истиот ден Ѓорѓиевска беше уапсена.

Таа и нејзиното семејство се сопственици на крави од Кривопаланечко поради кои имаше големи поплаки од жителите на неколку села.

Добитокот постојано слободно шета и како што обвинуваа селаните, и правел штета по нивите.

Back to top button
Close