Екс-премиерот на Бугарија, Сакскобурготски: Многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и С. Македонија, како и на Бугарија. Зошто да бидат изземени од тие придобивки?

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој ја извршуваше оваа функција од 2001-2005 година, во интервју за „Нова“ вели дека честопати се прашува каде би била Бугарија доколку не станела член на НАТО и Европската унија. Во тој контекст, нагласува дека поволностите што од членството ги има Бугарија, би требало да им се овозможат и на Албанија и Северна Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Сакскобурготски нагласува дека многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и Северна Македонија, исто како и на Бугарија. Зошто, прашува тој, тие да бидат изземени од тие придобивки. Затоа, нагласува, не треба да ги гледаме само негативните работи и не треба да се зборува за предавници

Back to top button
Close