Екс претседателката на црногорскиот Врховен се обидела да си го пресече вратот со скршено огледало

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица вчера се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар каде што се наоѓа, потврдија за порталот Дана од полицијата.

Според неофицијални информации, Меденица се обидела да си го пресече вратот, но лекарите и персоналот од Клиничкиот центар ја спречиле во тоа и сега е надвор од животна опасност.

Според информациите на нашиот портал, Меденица побарала да оди во тоалет каде го скршила огледалото и со него се обидела да си ги пресече вените. Откако не одговорила на повиците на полицајците кои ја обезбедувале, тие ја скршиле вратата од бањата и ја затекнале, како што ни рекоа, во „полусвесна состојба“.

Денешните соговорници од болничкиот персонал на Клиничкиот центар, кои сакаа да останат анонимни, велат дека Меденица не успеала да ги оштети вените или артеријата што се обидела да ја пресече. Таа сега е надвор од животна опасност и е под буден лекарски и полициски надзор.

На Меденица вчера со решение на истражната судијка на Вишиот суд, Сузана Мугоша и е одредена мерка притвор до 30 дена.

Специјалното државно обвинителство (СДТ) се сомнева дека сторила две кривични дела – создавање криминална организација и противзаконско влијание.

Back to top button
Close