Екс возач, азилант и сомнителен бизнисмен именуван за советник во Министерството за здравство
Пред неколку дена министерот за здравство, Азир Алиу, именувал нов советник во Министерството за здравство – Лулзим Алиу од Куманово, информира Pressonline.
Според неофицијални извпри на кои се повилива поетачот Лулзим Алиу е близок до заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, а неговата улога наводно е да ја следи работата на министерот и да го информира Фетаи.
Лулзим Алиу бил возач на поранешниот заменик министер за труд и социјална политика, а сега пратеник од Алијансата за Албанците, Елми Азири. Во 2017 година, тој е вработен како возач на Азири.
Се зборува и дека бил следен од државата, поради што во 2018 година побарал и добил азил во Франција, стекнувајќи статус на азилант, додава порталот.
Според неофицијални информации, Лулзим Алиу се сомничи дека е и акционер во познатото казино „All In“ во Куманово. И покрај оваа контроверзна биографија, тој пред неколку дена е именуван за советник во Министерството за здравство.
Овој потег отвора прашања и критики во јавноста, особено околу критериумите за именување и за тоа каква улога ќе има Лулзим Алиу во рамки на министерството и во односите со заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи.