Ексдиректорот на М-Нав Селмани протнат на викенд оглас, овојпат како сметководител

Миѓен Селмани, поранешниот директор и член на Управниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ), и покрај гаранцијата на министерот Благој Бочварски дадена пред Синдикатот на контролори на летање, сепак се вработил таму, и тоа на огласот што траеше само два дена во декември лани, пренесе СДК.

За тој оглас ексдиректорот Фахрудин Хамиди тврдеше дека е грешка на Агенцијата за вработување.

Селмани, како и многу други партиски кадри, е вдомен во М-НАВ сега како сметководител. На измислените и несуштински работни места за вдомување партиски кадри таму се земаат огромни плати. Од Управниот одбор на М-НАВ за СДК потврдиле дека поранешниот директор Селмани е вработен во одделот „Сметководство“.

Повеќе

Back to top button
Close