Експерт на СЗО ја исклучи можноста дека коронавирусот бил вештачки создаден

Експерт на Светската здравствена организација, рускиот виролог Димитриј Лвов ја исклучи можноста за вештачко потекло на коронавирусот, објави денеска Кинеската медиска група (ЦМГ).

„Сомнежите за вештачкото потекло на коронавирусот немаат никакви вредности… Коронавирусите во главно се поврзани со лилјаци“, рекол Лвов во минатонеделната емисија на една руска телевизија.

Според неговите зборови, „лицето, кое било прв извор на заразата, веројатно јадело месо од животни кои имале еколошка поврзаност со лилјаците“.

Околу 150 вируси се пренесени на луѓето од дивите животни за време на припитомувањето, рекол Лвов.

Back to top button
Close