Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа

Израел изврши „геноцидни постапки“ врз Палестинците за време на конфликтот во Газа, систематски уништувајќи ги здравствените установи за жените и користејќи сексуално насилство како воена стратегија, маведуваат експертите на Обединетите нации во новиот извештај.

Постојаната мисија на Израел при ОН во Женева ги оцени обвинувањата како неосновани, пристрасни и без кредибилитет. Комисијата тврди дека одредени дејствија на израелските власти намерно го отежнале или оневозможиле на палестинските жени да се грижат за своето репродуктивно здравје, што би довело до долгорочно намалување на палестинското население во Газа, што е еден од геноцидните акти според Римскиот статут и Конвенцијата за геноцид.

Според извештајот, оваа акција, заедно со зголемувањето на смртните случаи на бремени жени поради ограничениот пристап до медицински материјали, претставува злосторство против човештвото – истребување.

Во извештајот се обвинуваат израелските безбедносни сили за злоставување како стандардна оперативна процедура за казнување на Палестинците по нападите извршени од Хамас во јужен Израел во октомври 2023 година. Израел ги отфрли обвинувањата.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) имаат конкретни насоки и политики кои недвосмислено забрануваат такво однесување“, соопшти постојаната мисија на Израел во ОН, додавајќи дека нивните процеси за ревизија се во согласност со меѓународните стандарди.

Израел е потписник на Конвенцијата за геноцид и, според одлуката на Меѓународниот суд на правдата од јануари 2024 година, му беше наредено да преземе мерки за спречување геноцид за време на војната против Хамас, додека, од друга страна, Израел не е потписник на Римскиот статут, кој му дава јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд да суди поединечни случаи на геноцид и злосторства.

Јужна Африка поднесе тужба против Израел за геноцид во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.

Back to top button
Close