Експертски тимови во Брисел продолжуваат да работат на Дијалогот Белград – Приштина

Експертски тимови на Србија и на Косово денеска и утре во Брисел ќе ја продолжат работата во рамките на Дијалогот  Белград – Приштина.

Експертите денеска ќе разговараат на темите што беа почнати на првиот физички состанок на високо ниво.

– Косово и Србија се повикани да испратат свои експерти, за да продолжат да се занимаваат со прашањата покренати на состанокот на лидерите минатиот четврток, изјави портпаролката на Европска Унија, Набила Масрали.

Европската служба за надворешни работи не наведе детали од планот и агендата на разговорот.

Back to top button
Close