Експлозија на боца со кислород, ковид-пациент доби изгореници во болница во Приштина

На Клиниката за пулмологија при Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина експлодира боца со кислород, пренесува „Косово онлајн“.

Притоа е повреден пациент што се лекувал од Ковид-19 и кој бил на кислородна терапија, пишува „Љајми“.

Приштинскиот медиум наведува дека пациентот добил повреди и изгореници на горните екстремитети.

Сведок на настанот изјави за РТК дека тој е на клиниката веќе 12 дена и дека има постојан недостатиг од кислород, особено кај неподвижни пациенти.

Тој посочи дека експлозијата се случила затоа што немало никој да му помогне на пациентот во личните потреби и апелира до институциите да го решат проблемот со кислородот.

Макфакс

Back to top button
Close