Експлозија на плинска боца во Штип, сопственичката повредена – од притисокот, врата и прозорец излетале од станот!
На 23.05.2025 во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип настанала експлозија од плинска боца во стан сопственост на П.Р.(70), при што од притисокот врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано патничко возило „југо“.
Од експлозијата сопсветничката се здобила со повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип