Експлозија во Битола: Оштетени куќи и автомобили Фрлена граната пред дом и запален дуќан на висок полициски службеник !

 

На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска” во Битола, при што биле оштетени паркирани патнички возила „фолксваген”, „бмв”, „тојота”, „киа”, „рено”, „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки, а биле оштетени и прозорци и врати од околните куќи.

Доцна вчеравечер била фрлен експлозивна направа пред домот на полициски службеници кои претходно биле апсени со дога по што биле оштетени поголем број автомобили како и околни домови дознава Инфомакс.

Во билтенот на МВР се потврдува настанот но нема детали дека впрочем бомбата е фрлен пред домот на полициски службеник.

-На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска” во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило„ волксфаген” патничко возило „бмв”, патничко возило„тојота”, патничко возило„киа”,патничко возило„рено”, патничко возило„матиз”, патничко возило„тико” сите со битолски регистарски ознаки паркирани на улицата при што направени биле и неколку оштетувања на прозорци и врати од околните куќи. Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.

Истата вечер на истиот полициски службеник како што дознава Инфомакс му е запален дуќанот кој го има под кирија при што покрај бараката од огнот биле зафатени уште четири патнички возила.

-На 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Борис Бастерот” во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено” и „цитроен” со битолски регистарски ознаки и „рено” со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола.Во пожарот повредени лица нема,причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Битола и екипа на СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close