Експлозии во Порт Судан, дрон погоди хотел во близина на претседателската палата
Неколку експлозии и пожари се случија утрово во градот Порт Судан, откако дрон го погодил хотелот Марина, недалеку од привремената претседателска палата.
Како што јавуваат агенциите, овие напади претставуваат остра ескалација на конфликтот, бидејќи овој крајбрежен град на Црвеното Море, кој стана хуманитарен, транзитен и дипломатски центар, како и седиште на влада поврзана со војската, досега не бил цел на копнени или воздушни напади.
Во неделата, воена база во близина на аеродромот, единствениот меѓународен аеродром во Судан кој сè уште функционира, беше погодена од беспилотни летала, а во понеделникот беа нападнати и резервоари за гориво во градот