Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
Бранителот на пехарот на Мастерс турнирот во Синсинати Италијанецот Јаник Синер избори пласман во третото коло. Тој на теренот мина 59 минути совладувајќи го Колумбиецот Даниел Галан со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1).
Ова беше првиот меч за Синер по освојувањето на титулата на Вимблдон пред еден месец.
И на женскиот дел од турнирот имаше две експресни победи.
Шампионката на Вимблдон полската тенисерка Ига Швјонтек ја совлада Анастасија Потапова од Русија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4) за 73 минути, додека Марта Костјук од Украина на Германката Татјана Марија и препушти само еден гем за 51 минута – 2:0 во сетови (6:0 и 6:1).