Екстрадиран е Бесим Красниќи, го чека затворска казна за неколку кривични дела

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44).

Според информациите на МВР, тој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Красниќи е спроведен во КПУ „Идризово“.

Back to top button
Close