Eксвицепремиерот со насмевка на преминот Блаце сам гѝ подаде рацете да му стават лисици

На социјалните мрежи и во дел од медиумите објавено е видео од приведувањето на ексвицепремиерот и министер Артан Груби, кој утринава се појави на Граничниот премин „Блаце“.

Артан Груби утринава се појави на ГП „Блаце“ / Фото: Принтскрин

На видеото се гледа како Груби, со јакна со качулка на главата и очила за сонце, со насмевка им ги подава рацете на полициските службеници кои во тој момент му ставаат лисици. Откако му ги ставаат лисиците, тој со црн шал си ги покрива дланките. Според снимката, тој практично ѝ се предава на полицијата.

 

Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи (МВР), поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби, кој повеќе од една година беше во бегство, утринава во 6:10 часот се појавил на косовско-македонската граница и при влез во земјава е приведен.

Груби е пренесен во притворското одделение во Шутка и веќе е во самица. За него беше определен 30 дневен притвор во отсуство, додека беше во бегство

Груби е во бегство од декември 2024 година, откако Обвинителството отвори истрага за случајот со проневери во „Државна лотарија“, во кој беше осомничен и лично тој.

Back to top button
Close