Еквадор нема да испраќа оружје во Украина

Еквадор нема да испраќа оружје во Украина „бидејќи Киев е вклучен во конфликтот“, изјави денеска еквадорската министерка за надворешни работи Габриела Сомерфилд.

– Претседателот Даниел Нобоа издаде јасни упатства да не се испраќа воена опрема во која било земја вклучена во меѓународен вооружен конфликт, изјави Сомерфилд на состанокот на парламентарната комисија.

Според Сомерфилд, Еквадор се придржува до „мирно решение на конфликтот“.

Back to top button
Close