Електрониката го одложи стартот на 88-та собраниска седница
Собранието не може да ја започне 88. седница поради проблеми со електрониката. Екипите веќе работат на остранување на дефектот, соопштија од кацеларијата на Генералниот секретар на Собранието.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, посочуваат дека за почетокот ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми. Седницата првично беше закажана за 11 часот, па одложена за 13 часот, а засега не се знае кога ќе почне.