„Пред Собрание ќе биде топ!“ Електронска комуникација меѓу Миле Јанакиевски и Елизабета Канчевска-Милевска презентирана на рочиштето за „Организаторите на 27 април“

 Електронска комуникација меѓу обвинетиот Миле Јанакиевски и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетот за случајот „Организаторите на 27 април“.

Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година.

Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Јанакиевски и Качевска – Милевска, обвинителката Рускоска, го почна со порака пратена до Јанакиеваки од Милевска, „Миле, има нешто ново“, при што тој му одговара, со „не“.

Во продолжение на пораките меѓу Јанакиевски и Канчевска, се збори и за уметници од разни градови од државата. Обвинетиот Јанакиевски, во една од пораките до Канчевска, се жали за озвучувањето на еден  протест пред Владата.

Според доказите што ги читаше обвинителката Рускоска, наведените лица се договарале Владо Јовановски, да се обрати на еден настан. Освен за Јовановски, тие се допишувале и дека на овие настани треба да се обратат познати лица и доктори. Разговорите на оваа тема се одвивале на 27 февруари 2017 година.

Слични разговори имало и после овој период, односно Канчевска, го информира обвинетиот Јанакиевски, дека пред Собрание ќе биде топ.

Дел од барањата на Милевска кон обвинетиот Јанакиевски, се и барањата за обезбедување на свирчиња и труби. Освен електронската комуникација тие, како што произлезе од денеска презентираните докази имале средби и во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во една од пораките меѓу нив се вели дека „срамота е зошто докторите и професорите ги нема“.

Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Рускоска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Back to top button
Close