Елези: Има што да покажеме во Полска
По неколку дневни куси подготовки македонската репрезентација до 21 година денеска замина за Полска. В петок (5.септември) во Краков го игра првиот натпревар со домашната селекција во рамки на квалификациитен за ЕП 2027.
Селекторот Горан Станиќ верува во оваа генерација, убеден е во успех во циклусот. Со слично размислување е и Дашмир Елези, фудбалерот на Работнички еден од главните адути во нападот на младата селекција.
– Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација, изјави Елези.
По дуелот со Полска, нашата репрезентација до 21 година во второто коло игра на 9.септември ја пречекува Италија во Битола.