Елизабета Дуковска од скопска Апелација е нова уставна судијка

Уставниот суд досега функционираше со шест од предвидени девет судии. Со Дуковска ќе останат уште две места за пополнување од кои за едното расправата е блокирана во Собрание, а за другото повеќе од една година не е распишан оглас

Судијката Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје е нова уставна судијка.

Таа на денешната собраниска седница беше избрана со 64 гласа „за“ и еден „воздржан“.

 

Дуковска е судијка од 2004 година кога кариерата ја започнала во Основниот суд Скопје 1. Од 2007 година, пак, работела како стечаен судија во граѓанскиот суд, а од 2009 е дел од скопска Апелација.

 

Дуковска беше предложена за уставна судијка од страна на Судскиот совет.

Уставниот суд во моментов функционира со шест од предвидени девет судии.

Во Собранието е блокирана расправата за предлогот републичкиот обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија, додека за другото испразнето место (на местото на Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година) кое треба да се пополни по предлог на пратениците, повеќе од една година се чека да се распише оглас.

Back to top button
Close