Елизабета Ѓоргиевска се сретна со холивудската актерка Натали Портман: Ние, жените водиме битки на неколку фронтови
Претседателот Стево Пендаровски заедно со својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска престојува во Њујорк на 78. Генерално собрание на Обединетите нации.
Оваа пригода првата дама Елизабета Ѓоргиевска ја искористи за да се сретне со познатата холивудска актерка Натали Портман, со која разговарале за елиминирање на насилството врз жените.
„Имав прилика да разговарам со Натали Портман, актерка и застапничка за елиминирање на насилството врз жените и девојките, која посветува голем дел од своето време за поддршка на оваа наша заедничка кауза.
Ние, жените водиме битки на неколку фронтови, образование, репродуктивно здравје, економска независност, еднакви плати итн., затоа што напредок на жени насекаде, ќе значи и напредокот на државите, вклучително и нашата“, напиша на Фејсбук сопругата на претседателот, споделувајќи фотографија со познатата актерка.