Елмас во Лајпциг ќе заработува 3 милиони евра годишно

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас (24) следната недела го очекуваат лекарски прегледи во екипата на Лајпциг и официјалната промоција во дресот на својот нов клуб, во Германија.

Потврден е трансферот вреден 25 милиони евра.

Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, Елмас во Лајпциг ќе заработува по три милиони евра годишно. Договорот ќе биде потпишан до јуни 2028 година.

Елмас претходно за 16 милиони евра реализираше трансфер од Фенербахче во Наполи каде беше донесен на инсистирање на Карло Анчелоти.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close