Елмази до Данела: Дали молчиш за дивоградбата во Сарај поради твојот пријател Беџети?

Претставникот на коалицијата ВЛЕН, Мухамед Елмази, остро реагираше на молкот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во врска со обвинувањата за бесправен објект во општина Сарај. Во јавен статус, Елмази поставува директни прашања за вмешаноста на Арсовска и нејзините врски со градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, обвинувајќи ја за намерно молчење.

„Поминаа 24 часа и сè уште ја нема никаде Данела да одговори за зградата во Сарај. Дали тој џиновски објект без дозвола, кој го изложив на фотографија, му припаѓа на твојот пријател и бизнис партнер Блерим Беџети? Имаш ли удел во неговата ‘империја’ или само те плаќа за да држиш прес-конференции?“, прашува Елмази во својата реакција.

Тој додава дека градот Скопје се соочува со алармантна состојба на нечистотија и недостиг на хигиена, особено пред празникот Бајрам, опишувајќи ја ситуацијата како „гушење во ѓубре како никогаш досега“.

Елмази најавува дека многу скоро ќе побара одговори и пред Јавното обвинителство.

Back to top button
Close