„Нема логика да има луѓе без државјанство во ниту една држава, а ние имаме такви“

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност со работа ќе продолжи следната недела за да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива.

Пратеникот Халил Снопче од АА денеска изјави дека овој закон е многу важен за граѓаните, за елементарните човекови права, итн.

–Ние ќе инсистираме да дадеме уште една шанса. Значи, сигурно следната недела ќе продолжиме со оваа Комисија. Се разбира, ако гледаме навистина, значи има блокади, сигурно ќе одиме на втората варијанта преку европско знаменце. Зошто? Затоа што прво, имаме согласност од страна на Владата и второ, навистина се работи за човекови права и трето, сигурно според сите европски и меѓународни конвенции нема логика да има луѓе без државјанство во ниту една држава, а ние имаме луѓе што се без државјанство, рече Снопче одговарајќи на новинарско прашање.

Back to top button
Close