Ќемал Кроси нов заменик директор на УЈП

Управата за јавни приходи, соопшти дека од петок нов заменик директор е Ќемал Кроси.
Кроси беше во ЈП Дрисла како член на надорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење.
„На 12 декември (петок) во УЈП ја започна својата функција заменик директорот, Ќемал Кроси“, велат од УЈП.





