Емил Јаневски од Знам- Не сум се заканувал на никој барам извинување

ДО ПЕТАР МОМИРОСКИ, креаторот на фб профилот Plus Minus .Бидејќи јавно објавуваш невистини должен сум да ти одговорам, истовремено да побарам извинување во рок од три дена во спротивно правдата ќе ја побарам пред надлежниот суд:
1. Лажиш на најдрзок начин. Не сум се заканил, на такво ниско ниво јас не слегувам. Проблемите што ги имам сам ги решавам. Доволно сум и мудар и трпелив.

2. Твојот татко е во пензија и не е новинар и секако пишува невистини во негов стил ( мотивот го знаат сите ). Слободно можи тоа да го прави за мене, ич око не ми трепнува.

3. Бидејќи ме ставаш во ист контекст со Илија Јованоски – човек за кого се фалиш дека си го удрил во кафана иако има 70 години мораш да знаеш: јас таква работа нема да ти дозволам никогаш и секогаш сум спремен да си го сочувам достоинството без оглед за каков напад станува збор

Back to top button
Close