Емилија Розман е девојката која падна кај „Заливот на коските“ – Има 11 скршени ребра и упати порака од болничкиот кревет!

Емилија Розман, екс мис на Македонија и позната инфлуенсерка е девојката која паднала во Заливот на коските во Охрид. Завршила во болница со скршени ребра.

Таа на Фејсбук објасни како се случила незгодата за да скрши дури 11 ребра.

– Во саботата вечер имав незгода во Заливот на коските во Охрид, при што се лизнав, што од моја несмасност, што од лоша проценка на простор, за конструкцијата на оградата не можам да коментирам затоа што не сум компетентна, па паднав од околу седум метри и искршив 11 ребра. Притоа ми беше оштетен и белиот дроб и бев во најбрз можен рок префрлена од болницата „Свети Еразмо“, па на Торакална Хирургија во Скопје, рече Емилија, па им порача на сите негативни луѓе, кои ја „хејтале“ бидејќи објавила слика од болничка соба:

– Не чувствувам потреба да се правдам некому зошто сум се сликала во болнички кревет, но поради тоа што имам голем број другари, пријатели, соработници и слично, најлесен начин да го објаснам моето неодговарање на повици е со една фотографија. Жал ми е што многу од вас ги користат социјалните мрежи само за креирање на лажна слика за вашите ,,совршени” животи, па сметам дека оттаму и ви доаѓа потребата да давате коментари од типот: „Ааххх, се ќе направите за лајк и мајка и ја барала таму“. Знам каде е мајка ми во секое време, како што знае и таа јас каде сум. Ама еве нешто што не знам е како може да сте толку злобни, сите ли имате израснато во дисфункционални семејства без родителска љубов, па ве храни смеењето на туѓи несреќи?! Немате ли видено ниедно совршено зајдисонце кое сте посакале да го фотографирате? Никогаш ли не сте го удриле малото прсте во ќошот од креветот? Не ви паднало лепчето на намачканата страна? Амааа… Вие ќе си пишувате глупави коментари, а јас ќе го славам животот и втората шанса што Бог ми ја даде, рече Емилија.

-Не можам ни да ви опишам колку сум среќна, каков прекрасен живот имам и какви луѓе во него, буквално денес учам пак да одам и вриштам од болки, а бликам од среќа, ама сум искрена и реална личност која не се крие зад екранот зад глупави коментари, туку си живее, макар била ружна и поминала покрај мисица, ама еве сега ќе викнам студио за убавина, бидејќи во болнички кревет не е важно здравјето, туку како изгледате. Ај гитла таму, најдете си психијатар, земајте терапијата и одете учете емпатија и емоционална интелегинција, додава убавицата.

Во полицискиот билтен за случајов беше објавено:

Во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р. (32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски” во близина на охридското село Пештани, паднала и добила тешки телесни повреди. Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.

Back to top button
Close