Енциклопедија Британија ја тужи „ОпенАИ“ поради што користи нејзини содржини за обука на моделите на ВИ

Енциклопедијата Британика и нејзината филијала Меријан-Вебстер ја тужи „ОпенАИ“ (OpenAI) пред сојузниот суд на САД во Менхетн поради наводна злоупотреба на нејзините содржини за обука на моделите на вештачката интелигенција.

Британика во тужбата наведува дека „Опен АИ“, поддржана од Мајкрософт, ги користи нејзините онлајн статии за да го научи „ЧетЧиПиТи“ (ChatGPT) да одговара на прашања.

Британика тврди дека „ОпенАИ“ илегално копира 100.000 написи за обука на моделите на „ЧиПиТи“ (GPT).

Во тужбата се тврди дека „ЧетЧиПиТи“ произведува „речиси дословни“ копии од записите во Енциклопедија Британика и на тој начин ги пренасочува корисниците, кои би ги посетиле нејзините веб-страници.

Британика го обвини „ОпенАИ“ за повреда на заштитниот знак имплицирајќи дека има дозвола да го репродуцира нејзиниот материјал и лажно цитирајќи ја енциклопедијата во содржината генерирана од ВИ.

Британика минатата година поднесе слична тужба против компанијата за ВИ „Перплексити АИ“, постапката се уште е во тек.

Компаниите за ВИ тврдат дека нивните системи чесно го користат материјалот заштитен со авторски права со тоа што го трансформираат во нешто ново.

Back to top button
Close