Џенифер Гарнер „тагува“ по честите летови и тесните фармерки

– Џенифер Гарнер жали и „тагува“ по животот пред пандемијата, честите патувања, па дури и по неудобните фармерки кои морала да ги носи на еден авионски лет…

Инспирирана од сѐ тоа, таа на Инстаграм и Фејсбук објави неколку споени видеоснимки од тоа како се справува со тесните фармерки, со носталгичен коментар: „Патувања: Бог да ги прости (или: Тесни фармерки: Збогум засекогаш)“ – како „филмски“ наслови на видеото.

Меѓу оние кои „ѝ изразија сочувство за загубата“, односно се надоврзаа на шегата, беа и Дајан Китон, Ерин Фостер и други познати личности.

Back to top button
Close