Јенс Шпан: Ризикот од коронавирусот не поминува

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна денеска дека ризикот од коронавирусот не поминува, откако вчера беа воведени итни мерки во државата Северна Рајна-Вестфалија во два града каде епидемијата повторно избувна.

Во градовите Гетереслох и Варендорф повторно се воведени мерки за вонредни состојби, што претходно беа, од крајот на април, постепено укинати во цела Германија.

– Гледаме дека вирусот се шири повторно и многу, многу брзо ако оставиме доволно простор за тоа. Вирусот се уште е меѓу нас, предупреди германскиот министер во изјава за радио АРД.

Back to top button
Close