ЕП бара подобри услови за работа и зелена транзиција во воздухопловниот сектор

– Европратениците неделава, на пленарна сесија во Стразбур, ја повикаа Европската комисија да ги подобри условите за работа и да ја поттикне зелената транзиција во воздухопловниот сектор, што е сериозно погоден од падот на сообраќајот поради пандемијата.
Парламентот побара подобри услови за воздухопловците, кои се во незавидна положба бидејќи авиосообраќајот опадна за две третини во споредба со 2019 година.
-Треба да сториме се што е можно за опстанок на овој сектор, но во согласност со климатските цели на ЕУ, рече Карима Дели од Зелените во име на Комитетот за транспорт и туризам.
„Авиосекторот прими големи парични средства за поддршка без услови за почитување на Зелениот план и без ја помогнат енергетската транзиција“, додаде таа.
Еврокомесарот за транспорт, Адина-Јоана Вален, потврди дека долгорочниот пад на сообраќајот ќе се чувствува уште многу години и предвиде дека „секторот нема да се опорави до 2026 година“.
Затоа, Комисијата предложи итни мерки, како што се намалување на праговите за користење на слотовите за авиокомпаниите, усвои упатства за тестирање за Ковид-19 и карантин за авионските патници и воведе дигитални зелени сертификати за поттикнување на мобилноста.
-Со обезбедување на финансиите Европската унија го поддржува закрепнувањето на воздухопловниот сектор, истовремено работи и на имплементирањето на социјалната и еколошка одговорност, рече Валеан.
Комитетот на ЕП за транспорт и туризам е посветен на „заштита на конкуренцијата во секторот за да осигури дека потрошувачите имаат пристап до патувањата по пристапни цени и да обезбедат еднакви услови за авиокомпаниите и работниците“.






