ЕП одобри формирање на Центар за кибер безбедност во Букурешт
Европскиот парламент денеска ги одобри плановите за интензивирање на подготвеноста на Европа за кибер напади преку формирање центар за иновации и експертиза, со седиште во Букурешт, јавија романските медиуми.
– Иницијативата ќе го зголеми капацитетот на Европа во борбата против кибер заканите и има за цел да ги зајакне иновациите кај малите и фирмите-почетници (старт-ап), се наведува во соопштението
Новиот центар за компјутерска безбедност, со седиште во Букурешт, ќе сподели искуство во истражувањето на кибер безбедноста и ќе ја собере европската компетентна заедница на ова поле. Исто така, ќе обезбеди финансиска поддршка од „Хоризонт Јуроп“ (Horizon Europe) и „Диџитал Јуроп“ (Digital Europe) за иновативни почетни проекти во рамките на повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027 година.