ЕП одобри – минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Европскиот парламент денеска одобри необврзувачка резолуција со која се бара минималната возраст за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција (ВИ) да биде 16 години за да се обезбеди дека онлајн содржината е соодветна на возраста.
На веб-страницата на ЕП беше објавено дека пратениците ги повикаа земјите-членки на ЕУ да усвојат закони со кои ќе се утврди минимална возраст од 16 години за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција, додека на лицата на возраст од 13 до 16 години ќе им биде дозволен пристап со согласност од родителите.
Тие, исто така, повикаа на усвојување закон што нема да дозволи пристап до социјалните мрежи и ВИ за лица под 13 години.






