Епидемија на мали сипаници во Тексас, починато е едно дете
Во Тексас се зголемува бројот на случаи на мали сипаници. Епидемијата започна кон крајот на јануари, од округот Гејнс, а веќе се пријавени 146 случаи. Здравствените власти предупредија дека епидемијата се шири и во централниот дел на државата, но и во Ново Мексико
За жал, едно од децата кое не било вакцинирано за мали сипаници, починало. .
Кетрин Велс денеска изјави дека повеќето членови на заедницата се вакцинирани, но очекува повеќе случаи. Повеќето хоспитализирани лица се деца кои се соочуваат со сериозни проблеми со дишење и дехидрација.
Официјалните служби будно ги следат случаите откако заразено лице, на Денот на вљубените, патувало од округот Гејнс до Сан Маркос и Сан Антонио. Лицето го посетило Универзитетот во Тексас во кампусот во Сан Антонио и неколку ресторани и продавници.