Епидемиолошката состојба во Србија е сериозна: Цели семејства во Белградска Арена со воспаление на белите дробови

Епидемиолошката ситуација во Србија е исклучително сериозна, предупреди Предраг Богдановиќ, медицински координар на привремената ковид болница во Белградска арена. Тој истакна дека во моментот има и цели семејства со двострано воспаление на белите дробови и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Утре ќе биде заокруќен еден месец по повторното претворување на Белградска арена во ковид-центар. Богдановиќ за РТС рече дека за 29 дена низ болничките кревети минале вкупно 1.023 пациенти, бројката што за секој била неочекувана, а моментно се сместени 485 лица.

Во истиот период биле отпуштени 540 пациенти, на домашно лекување биле испратени 438 лица, додека 102 биле префрлени во болници од повисок ранг.

Најголем дел од пациентите се подложени на кислородна терапција и има уште 20-ина слободни места. Богдановиќ вели дека дневно се прават меѓу 30 и 50 отпусти и се трудат секој стабилизиран пациент да биде испратен на домашно лекување, бидејќи притисокот врз болниците е голем.

Back to top button
Close