Епохален тонч од Белград за Софија, виа Битола!

Занимливо е како официјална Бугарија, во оваа историска фаза, избра да го „затвори“ спорот со Македонија, заокружувајќи полн круг од Втората светска војна до денеска: во виорот на таа светска воена хаварија, Царска Бугарија одбра да застане на страната на фашизмот, меѓу другото, и бидејќи низ таа идеологија и прагма видоа историска шанса за окупација и бугаризација на Македонија; за денес, со бугарските ненаучени историски лекции од тој воено-политички дебакл, да се вратат на истите позиции по „мирнодопски пат“ – ни помалку ни повеќе, туку во една евро-интегративна рамка! – промовирајќи го тогашниот еминентен фашистички пропонент Михајлов на истата таа окупаторска идеологија како денешен „мост“ за иднината на македонско-бугарските односи.

Дали е случајно што на Бугарите оваа неславна историска репетиција им се случува во ситуација на опасната можност Европа и светот да западнат во нова воена хаварија, овој пат предизвикана со руската агресија врз Украина? Во најмала рака, тоа би била непријатна коинциденција, особено имајќи го предвид внатрешно-политичкото „клатење“ на Бугарите на чија страна да застанат и во оваа голема континентална криза. Скриен талент ли е во прашање, што ли?!

 

Бидејќи, дури и љубителите на ликот и делото на Михајлов не велат дека тој не бил фашист (со сите практични злосторнички дребулии што ги подразбирал тој политички ангажман), туку само дека низ таа идеологија, во дадениот историски момент, тогашниот софиски великобугарски експонент гледал можност да се оттргне Македонија од големосрпската пропаганда и да се врати кон своите „бугарски корени“.

 

Но, кога самоволно ќе одберете (овде мислам на денешната бугарска врвна политичка елита) еден ноторен бугарски фашист да ја „брани“ и современата бугарска политика кон соседна Македонија, тогаш зошто ве чуди резултатот што може да се опише со синтагмата „дупло голо“: не само што огромното мнозинство од македонските граѓани (да, не само етничките Македонци, па дури и оние со бугарски пасоши меѓу нив) се дополнително скандализирани од оваа бугарска „добрососедска инвазија“ кон Македонија; туку ден по дипломатско-политичкото бугарско фијаско во Битола токму српскиот претседател Александар Вучиќ, со извонредно чувство за моментот, маестрално ја поентираше „српската пропаганда“ во Македонија со лапидарната изјава: „Ништо не бараме од Македонија, само да бидеме пријатели и браќа“…

Епохален тонч од Белград за Софија, виа Битола! Во нивниот балкански етно-империјалистички натпревар, „српскиот свет“ во Македонија и понатаму е во убедливо водство пред „бугарскиот свет“, иако би можело да се тврди дека зад таа трка кон дното генерално стои „рускиот свет“, ама ајде сега да не ја тенчиме… Но, „тапијата“ за постоењето на „македонскиот свет“ – мултикултурен и демократски – веќе не е во архивите на минатиот век.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close