Епштајн го снимил Клинтон за време на секс со девојки. Откриени нови шокантни документи – откриени и тајните на Трамп?

Џефри Епштајн наводно тајно снимал многу познати личности како имаат секс со девојки во неговата палата.

Принцот Ендру, Ричард Бренсон, Бил Клинтон… Ова се само дел од познатите личности кои наводно биле тајно снимани од страна на Епштајн за време на сексуални односи. Тоа е наведено во последната серија судски документи.

Една од жртвите на Епштајн, Сара Ренсом, во новообјавените документи тврди дека милионерот снимал мажи од висок профил како имаат секс со една од нејзините пријателки. Ренсом додаде дека Џефри Епштајн не е виден на ниту едно видео бидејќи бил „паметен“.

Таа исто така тврди дека поранешниот претседател Доналд Трамп имал секс со „многу девојки“, вклучувајќи и една нејзина пријателка. Пријателката, чија возраст не е соопштена, наводно успеала да добие копија од снимките.

– Фала му на Бога што успеа да дојде до некои снимки на кои јасно се гледа како лицата на Клинтон, принцот Ендру и Бренсон имаат сексуални односи со неа. Фрустрирачки, Епштајн не се гледаше на ниту една снимка, но беше паметен! Успеав да ја убедам да ми испрати дел од видеата што ги имаше зачувано. Можам лично да потврдам дека ги видов доказите за тие сексуални дејствија – рекла Рансом и додала дека нема да ги сподели без согласност на нејзината пријателка.

Таа нагласи дека направила резервна копија на снимките на неколку УСБ-стикови.

– Ги испратив на безбедни локации низ Европа – изјави Рансом.

Таа наведува и дека еден нејзина пријателка ѝ се доверила за Трамп.

Таа во документите наведе некои од неговите, наводно ужасни сексуални преференци, со детали кои ги слушнала од пријателка која имала секс со него.

Ендрју и Клинтон ги негираа обвинувањата, додека Бренсон ги нарече тврдењата неосновани. Трамп, кој досега не е обвинет за ништо во незапечатени судски документи, се уште не одговорил на новите обвинувања.

Ова е последната рунда документи од случајот за клевета на Вирџинија Џуфре против поранешната блиска соработничка на милионерот педофил, Гислајн Максвел.

Back to top button
Close