Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на селото

Голем и комплексен пожар попладнево избувна во атарот на селото Милетино, Општина Брвеница, каде што огнената стихија директно ги загрозува блиските куќи и населеното место.
Поради сериозноста на состојбата и брзото ширење на пламенот, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веднаш ги ангажираше противпожарните авиони „ер-трактори“ за да дејствуваат од воздух, објави.
На терен се мобилизирани тетовските противпожарни единици, кои интензивно работат на расчистување на теренот и создавање пристапни патеки за да се овозможи пробивање на возилата подлабоко во зафатената шума.
Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, овој пожар е исклучително тежок за гаснење, но сите расположливи сили се насочени кон формирање заштитен појас околу селото за да се спречи влегување на огнот меѓу куќите и да се гарантира безбедноста на локалното население.
Извор: 4news.mk






