Ердоган отвори голема џамија на истанбулскиот плоштад Таксим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган отвори голема џамија на истанбулскиот плоштад Таксим во центарот на градот, исполнувајќи ја својата повеќедецениска цел.

Џамијата на плоштадот Таксим е висока 30 метри. Ердоган им отпоздравуваше со рака на насобраните луѓе на плоштадот, пред да влезе во верскиот храм на молитва.

Изградбата на џамијата започна во февруари 2017 година, а проектот беше инициран од Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот, која е ориентирана кон исламот.

Официјални претставници денеска објавија видео снимка на Твитер, на која е прикажан Ердоган од 1994 година, кога станал градоначалник на Истанбул, покажувајќи го од неговата канцеларија местото каде ќе изгради џамија.

Џамијата ќе може да прими до 4.000 верници, а има и изложбен салон, библиотека, паркинг и кујна.

Back to top button
Close