Ердоган: Руското признавање на Доњецк и Луганск е неприфатливо

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека признавањето на независноста на самопрогласените Народна Република Доњецк и Луганската Народна Република од страна на Русија е „неприфатливо“ и ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право.

Ердоган се понуди да посредува во конфликтот, ја предупреди Русија да не ја напаѓа Украина, но и ги критикуваше постапките на западните земји во оваа криза, пренесува Ројтерс.

-Сметаме дека оваа одлука на Русија е неприфатлива. Го повторуваме нашиот повик за здрав разум и почитување на меѓународното право од сите страни, им рече Ердоган на новинарите, додавајќи дека Анкара подготвила пакети за претпазливост како регионална земја.

Back to top button
Close