Ердоган вели дека Израел со Нетанјаху е „најголема закана“ за регионот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „најголемата закана“ за регионот на Блискиот Исток, во телефонски разговор со емирот на Катар, соопшти неговиот кабинет.
Ердоган нагласил дека „ќе продолжи со своите напори за ставање крај на спиралата на насилство и дека Нетанјаху уште еднаш покажа дека е најголемата закана за безбедноста на регионот“, според соопштение од претседателството.