Ериксен им се јавил на соиграчите од болница

Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен се чувствува подобро и им се јавил на соиграчите од болница. Им порачал да излезат на терен и да го доиграат натпреварот и им кажал дека се чувствува многу подобро.

Ериксен колабираше на теренот на натпреварот со Финска и ситуацијата беше драматична. Лекарските екипи го реанимираа и беше пренесен во болница

Back to top button
Close