Ериксен потпиша за Волфсбург

Данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен потпиша денеска двегодишен договор со бундеслигашот Волфсбург, откако на крајот од минатата сезона ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.
Ериксен одигра 310 натпревари во Премиер лигата за Јунајтед, Брентфорд и Тотенхем во својата кариера во која настапуваше о за Ајакс и Интер.
Триесетитригодишниот Ериксен претрпе речиси фатален срцев удар за време на натпреварот од Евро 2021 против Финска, а се врати во фудбалот откако му беше вграден имплантиран кардиовертер дефибрилатор (ICD).
„Добиваме играч кој видел и доживеал сè на највисоко ниво“, рече спортскиот директор на Волфсбург, Себастијан Шиндзиелорц. „Неговото огромно искуство, квалитет на теренот и личност ќе бидат вреден поттик, особено за нашите млади играчи.

Back to top button
Close