Ќерката на Брижит Макрон: Се сплетка со 25 години помлад ученик, и денес се срамам од тоа

Во интервју за Paris Match, Тифен Озиер ќерка на првата дама на Франција, раскажа дека сè уште е вознемирена од „забранетата врска“ помеѓу тогаш омажената учителка и нејзиниот ученик –  тинејџер.

Имала  10 години кога дознала дека нејзината мајка, се гледа со 25 години помлад ученик.

“Знам дека во овие моменти треба да се фокусираме на она што е важно и да одиме напред без разлика на критиките. А имаше сѐ, напади, озборувања, осуди… Тогаш немаше такви информации на социјалните мрежи, но живеевме во мал провинциски град, сѐ беше познато. И покрај ова, стоевме со кренати глави. Јас сум жена со отворен ум, сакам да одам напред и стекнав многу толеранција“, изјави Озиер, која денес има 40 години, пренесува Дејли Мејл.

Таа била особено вознемирена што нејзиниот посрамен татко Андре-Луј Озиер бил принуден да го напушти семејниот дом во 1994 година, иако тој се разведе од Брижит дури во 2006 година, дозволувајќи му на Макрон да се ожени со неа една година подоцна.

„Разделбата на семејството може да биде и тага и можност. Рекомпонирањето може да се покаже како збогатување. Имам сакан татко и очув“, рече Озиер, додавајќи дека таа секогаш зборувала за нејзиниот татко во сегашно време, иако тој починал во 2019 година на 68-годишна возраст.

Paris Match опишува како Тифен била дете кога избил скандалот. Младиот Емануел Макрон често ѕвонел на вратата на семејната куќа, па гласините станале сѐ погласни и, се разбира, тие имале влијание врз трите деца во тоа домаќинство. Нејзината сестра Лоренс тогаш имала 17 години и била соученичка на Емануел Макрон, бидејќи се на иста возраст.

Озиер рече дека гласините за „забранетата врска“ биле застрашувачки за сите деца, вклучувајќи го и нејзиниот брат Себастиен, кој во тоа време имал 19 години. Сите тие биел ученици во Ла Провиденс, римокатоличко средно училиште во Амиен, каде Брижит предавала драма.

Повеќе

Back to top button
Close