Ќерката на Том Круз се вози со градски автобус, додека нејзиниот татко лета со приватен хеликоптер

Наследничката на славниот холивудски актер Том Круз (58) и актерката Никол Кидман (53), Изабела Џејн Круз, е фотографирана на автобуска станица додека чека градски превоз.

Бела, како што е скратено нејзиното име, води мирен живот, за разлика од остатокот од нејзиното семејство. Неодамна е забележана како чека превоз на автобуска станица во опуштено издание, додека цело време ја држи маската на лицето.

За разлика од неа, нејзиниот татко Том Круз неодамна беше фотографиран како лета со хеликоптер над Лондон.

Според пишувањата на светските медиуми, богатството на Том Круз изнесува меѓу 570 и 600 милиони долари.

Извор: Makfax

Back to top button
Close