Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Доколку рускиот претседател Владимир Путин в четврток не присуствува на разговорите во Истанбул, на кои планира да присуствува неговиот украински колега Володимир Зеленски, тоа ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака да ја заврши војната, изјави денеска шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак, цитирано од француските медиуми.

-Мислам дека ако Владимир Путин одбие да оди во Турција, тоа ќе биде последен сигнал дека Русија не сака да ја заврши оваа војна, дека не е подготвена за преговори, рече Јермак.

Од своја страна, Германија денеска ја повика Русија да преземе „одлучувачки чекор“ кон мирот во Украина, два дена пред можните руско-украински разговори во Истанбул, на кои украинскиот претседател Зеленски го покани својот руски колега Путин.

-Русија мора да направи решителен чекор напред и да покаже дека е подготвена да седне на преговарачката маса, изјави во Берлин шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул.

„Украина направи решителен чекор напред и е подготвена да започне безусловни преговори за прекин на огнот и склучување мировен договор“, истакна тој

Back to top button
Close