Ернандез го напуштил Милан по заканите од раководството на клубот

Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Ал-Хилал, Тео Ернандез, откри дека го напуштил Милан под притисок од раководството.
-Никогаш не сакав да го напуштам Милан. Бев подготвен да останам, но кога раководството ќе ве повика и ќе ви каже: „Ако останете, ќе ве изоставиме од тимот“… Тогаш единственото нешто што треба да се направи е да се бара нова средина, рече Ернандез во интервју за „Газета дело Спорт“.
Дваесет и осумгодишниот Французин се приклучи на клубот од Саудиска Арабија за 25 милиони евра во летниот трансфер период.
Во тековната сезона, Ернандез одигра 16 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и две асистенции.






