ЕСЧП ја осуди Франција поради казните за учесниците во бојкотот на израелски производи

 Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во денеска објавената пресуда утврди дека пресудите на француските судови за активистите кои учествуваа во кампањата за бојкот на производите увезени од Израел, ја повредиле нивната слобода на изразување, јави дописникот на МИА.

 -Судот смета дека пресудите за активистите не почиваат на релевантни и доволни основи дека нивните постапки и зборови спаѓаат во политичкото и милитантно изразување, се наведува во пресудата.

Францускиот Касациски (Врховен) суд во 2015 година ја потврди осудата на овие активисти, изречена заради предизвикување дискриминација. Дванаесет лица, членови на локалните здруженија, кои се вклучија во меѓународната кампања „Бојкотирање, неинвестирање и санкција“ беа осудени за активности за промовирање на бојкотот на израелските производи во хипермаркетите во источна Франција во 2009 година и 2010 година.

Нивните адвокати ја бранеа позицијата дека повикот за бојкот е дел од принципот на слобода на изразување. ЕСЧП смета дека европските конвенции оставаат „малку простор за ограничувања на слободата на изразување во областа на политичкиот дискурс“ кој е „по природа“ (…) често пати вирулентен и извор на контроверзии “, но „сепак е од јавен интерес, освен ако не се претвори во повик за насилство, омраза или нетолеранција “.

Франција беше осудена да им плати 27.380 евра на секој од единаесетте активисти кои се жалеа пред ЕСЧП.

Back to top button
Close