Есер Џевахир почесен конзул на С Македонија во Турција
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република С Македонија во Република Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене.
Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу С Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.
-Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република С Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи, истакна Османи стои во соопштението.